Македонија 02. јуни 2020. / 10:53

Манчевски од самоизолација: Одиме на избори aко нема продолжување на вонредната состојба

Манчевски од самоизолација: Одиме на избори aко нема продолжување на вонредната состојба

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, кој од вчера е во самоизолација поради можен контакт со заразен со коронавирус, во синоќешното онлај гостување на Канал5 телевизија рече дека изборите треба да се одржаст на 5-ти јули, пишува expres.mk.

Ако нема продолжување на вонредната мерка тој рече дека „немаме избор“ и во таков случај „најдобро да одиме на избори со консензус од сите политички субјекти“.

Она, што според мене е поважно од датумот на избори, дали на 5 јули или некој друг ден, е изготвување на протоколи за организација на изборите, протокол за изборна кампања, за денот на изборите, истакна Манчевски, додавајќи дека веројатно нема да има услови за митинзи и контакти со граѓаните, но ќе се концентрираме на медиумско презентирање, бидејќи во ова ново нормално сите треба да се прилагодиме.