Македонија 24. април 2020. / 12:01

Манчевски ќе распише тендер од 200.000 евра за одржување портал

Манчевски ќе распише тендер од 200.000 евра за одржување портал

Министерството за информатичко општество и администрација распиша тендер за избор на фирма која ќе го одржува националниот портал за е-услуги.

Според огласот објавен вчера на страната на Бирото за јавни набавки проценетата вредност на договорот со траење од една година е 12 милиони денари или 200.000 евра. Тоа значи дека месечно одржување на порталот за електронски услуги ќе чини 16.600 евра.

Токму сега, повеќе од било кога, потребно е порталот за е-услуги да биде функционален и постојано надградуван, за да можат граѓаните да добиваат услуги од својот дом. На тој начин нема потреба физички да ги посетуваат институциите и со тоа да се изложуваат на непотребен ризик. Тука, можат да се добијат 128-те најчесто барани услуги за граѓаните, а со посебна надградба во моментов на порталот uslugi.gov.mk се аплицира и се добиваат дозволи за движење, во услови на ограничено движење, додаваат од Министерството за информатичко општество и администрација.