Македонија 30. август 2020. / 10:19

Манчевски ќе го замени Рашковски во владата

Манчевски ќе го замени Рашковски во владата

Досегашниот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој сега е избран за пратеник и не се враќа како член на владиниот кабинет, сепак, е можно да се врати во Владата, ама како генерален секретар, дознава ТВ21 повикувајќи се на неофицијални информации. 

Манчевски, за кој досега не е соопштено дека ќе биде член на новиот владин кабинет ќе го наследи Драги Рашковски, како генерален секретар на новата Влада.

Според ТВ 21, Манчевски ниту ја потврдил, ниту ја демантирал информацијата, посочувајќи дека за генералниот секретар го избира Владата, на предлог на премиерот.