Македонија 26. октомври 2018. / 13:07

Манчевски: Има огласи за вработување во администрацијата, но никој не се јавува

Манчевски: Има огласи за вработување во администрацијата, но никој не се јавува

Во јавната администрација има и прилив и одлив на кадри. Има институции кои нон стоп имаат отворен оглас за вработување, а никој не се јавува, бидејќи нема соодветен кадар. За жал, одливот на кадри е во странство и тоа е она што не загрижува и на кое треба најмногу да работиме сите заедно, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање по обраќањето на Првата конференција за е-трговија во Македонија, министерот Манчевски рече дека годишниот извештај, што мора да се објави до март, најдобро ќе ја покаже ситуацијата со бројот на вработени во јавната администрација.