Македонија 17. мај 2019. / 12:30

Манчевски: Ако некој не сака да работи, нека седи дома, државата ќе му дава 11.000 денари социјална помош

Манчевски: Ако некој не сака да работи, нека седи дома, државата ќе му дава 11.000 денари социјална помош

Во своето гостување во емисијата „Отворено на Алфа“ министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски рече дека мерката за тоа кој колку работи во администрацијата не функционира и за да се мотивираат вработените постоела друга работа.

-Оваа влада ја зголеми социјална помош. Ако некој не сака да работи, нека седи дома ќе добие околу единаесет илјади и нешто денари социјална помош, па тогаш нека не го држи местото каде што некој може да работи, изјави Манчевски.