Откако градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски пред една недела на тестирање од Центарот за јавно здравје беше позитивен на Ковид 19, за сега по тестови направени во две приватни лаборатории да биде негативен на Ковид-19 се почесто се поставува прашањето дали се точни резултатите од тестовите за коронавирус кои ги спроведува Министерството за здравство?
Телевизија „Алфа“ контактираше со градоначалникот на Куманово, Димитриевски, кој е дециден дека државата треба да ги провери тестовите, бидејќи, како што вели не е јасно како нивните покажуваат едни резултати, а оние на приватните лаборатории други.
–Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство. Сите тестови се НЕГАТИВНИ, порача на „Фејсбук“ Максим Димитриевски.
Кумановскиот градоначалник писмено побарал од епидемиолошката служба при Центарот за јавно здравје Куманово, да ги разгледа резултатите од тестирањата, доколку е потребно да се направи повторен тест, и под итно да достават барање укинување на решенијата за самоизолација, како за него и неговото семејство, така и за сите негови контакти кои биле посочени во епидемиолошката анкета.
–Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во Општинскиот штаб за заштита и спасување да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата, пишува на „Фејсбук“ Димитриевски.
Раководителот на регионалниот центар за управување со кризи, Горан Стојановски, кој е член на кумановскиот кризен штаб, исто така тврди дека е негативен на Ковид-19.
Целиот текст на „Алфа“ на следниот линк.