Бурни реакции во јавноста предизвика снимката која се појави вчера, на која за време на седницата на загадувањето градоначалникот Петре Шилегов беше фатен како игра на мобилен, а Јани Макрадули како дреме.
– Се гледа од снимката дека читам, дека на фотографијата е интервенирано, плус (блурирани очите) и дека секој коментар е злобен. Но, тоа мене нема да ме поколеба во борбата за чист воздух и реализирањето на планот за чист воздух. Очигледно на некој му смета и тоа што се договоривме со опозицијата заклучоците да ги градиме заедно. Бев цело време од 11 до 15:45 часот и зборував на крај каде одговорив на сите прашања, што значи сите сум ги слушал и запишувал. – изјави Макрадули за Фокус.
Во врска со критиките од страна на репрезентативниот ракометен голман, Борко Ристовски, кој порача дека однесувањето на Макрадули и Шилегов е срамота и брука, додека Македонија се гуши, заменик министерот вели дека не го познава Ристовски и затоа нема да го коментира.
-Не го познавам човекот и немам коментар за непознати. – порача тој.