Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули во изјава за Канал 5 телевизија одговори на истражувањето кое вчера го објави Економски Лидер, во кое откривме дека фирмата во која еден од сопствениците е неговата сопруга по доаѓањето на СДСМ на власт добила тендери во вредност од 90.000 евра.
Тој вели дека неговата сопруга има право да зема тендери.
-Не станува збор за судир на интерес, не сум прекршил никаков закон ,некој што сака мене да ме оцрни злопотребува чесни луѓе кои работат 30 години – вели заменикот министер за животна средина Јани Макрадули за обвинувањата дека компанијата чиј еден од сопствениците е неговата сопруга добила девет договори за јавни набавки во последните година и пол во вредност од околу 90 илјади евра-
Макрадули во изјавата за телевизија Канал 5 вели дека тој не учествувал во никаква постапка за одлучување, а не се мешал ниту во работата на компанијата.