Во интервју за бугарска телевизија, Денко Малески истакна дека македонците се една млада, модерна нација, која настанала како резултат на Југословенското национално прашање, кога една генерација на македонци, односно генерацијата на неговиот татко кој е роден 1919 година кога е формирано и кралството Југославија се бореле да го пронајдат својот идентитет, пишува Макпрес.мк.
Ако е така како што вели Малески логично е да се постави прашањето зошто неговиот татко во стиховите од химната пишува дека македонците се бореле за своите правдини (во сите верзии на химната овој стих доминира) а не бугарите и зошто во една од строфите се спомнуваат Гоце Делчев и Даме Груев ако тие биле бугари?
Инаку Химната на Македонија е напишана од македонскиот автор Владо Малески, во 1941 г. а за прв пат се изведува на пречекот на новата 1942 година во Струга во куќата на Сотир Шута.
Химната била изведена за прв пат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и струшкиот регион.Меѓу присутните активисти на народно-ослободителното движење на Македонија бил и блискиот пријател на Малески, Никола Кочоски кој за песната изјавил:
-Бев поканет од мојот другар Јосиф Миса да присуствувам на новогодишната игранка во домот на Сотир Шута. Кога влегов во горните одаи на куќата пријатно бев изненаден од амбиентот во кој се пееше песната ,Денес над Македонија’ за чие име дознав во текот на вечерта. На гитара свиреше и пееше Владо Малески. Песната ја пееше со восхит, а присутните со смиреност го следеа и потпевнуваа. За песната беа изречени многу убави зборови потенцирајќи дека во нејзината содржина е сета македонска историја и иднина. Таквата пријатна атмосфера овозможи и сериозен разговор кога за првпат бевме информирани за успесите во војната што се води против фашизмот, како и за првата вооружена акција на македонските борци со нападите во Прилеп и Куманово.