Македонија 18. февруари 2019. / 17:54

Макфакс му одговори на Боки 13: Никогаш нема да соработуваме со тебе

Макфакс му одговори на Боки 13: Никогаш нема да соработуваме со тебе

Во соопштението кое редакцијата на „Макфакс“ и групацијата „Клип Медиа“  го испратија до јавноста се вели дека тие целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во иднина ќе ѝ гарантираат слобода на изразување и мислење, осудувајќи ги сите обиди за закани и влијанија од страна.

-Воедно, ги осудуваме инсинуациите на Бојан Јовановски, кој вчера на социјалните мрежи напиша дека во тек се преговори за соработка меѓу 1ТВ и „Макфакс“. Нашата редакција со него и со 1ТВ нема никаков договор за соработка, а по вчерашниот негов став, нема никогаш ниту да има, се вели во соопштението.

Тие нагласуваат дека Бојан Јовановски не може и нема да има никакво влијание во однос на уредувачката политика и во однос на новинарите и вработените во „Макфакс“.

-„Макфакс“ и цела групација на „Клип Медиа“ и во минатото, а и и во иднина остануваат да бидат една од слободните медиумски зони во Македонија која се придржува до принципите на слободно, професионално, независно и одговорно новинарство, ослободено од било какви политички, партиски и бизнис влијанија, нагласуваат од „Макфакс“ и цела групација на „Клип Медиа“.