Македонија 05. август 2020. / 11:28

Македонските војници на мисија во Либан се безбедни

Македонските војници на мисија во Либан се безбедни

Од министерството за одбрана информираат дека македонските војници коишто се дел од мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни и сигурни.

На мисија во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут.

Министерството за одбрана изразува длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут, Либан.

По веста за повредени морнарички мировници во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, изразуваме надеж за побрзо закрепнување на мировниците и поддршка до земјите од каде тие потекнуваат – порачуваат од министерството за одбрана.