Денеска во просториите на СВР Куманово, на барање на Македонскиот полициски синдикат е одржана вонредна работна средба со раководството на СВР Куманово на која присустуваа Началникот на Одделот за полиција Игор Митевски и Началникот на Крим полицијата Слободан Алексовски од една страна и Претседателот на МПС Д-р Mарјан Кицев, Генералниот секретар Киро Трајковски, Потпреседателот Зоран Кузмановски и Претседателот на Советот на МПС Куманово Александар Лазаревски како преставници на единствениот репрезентативен синдикат во Министерството за Внатрешни работи на Република С. Македонија.
Оваа вонредна работна средба беше иницирана од страна на раководството на Македонскиот полициски синдикат со цел согледување и непосреден увид во актуелната состојба во СВР Куманово во делот на наводни незаконски прераспределувања на вработени и поведување на неосновани дисциплински постапки, кои беа пласирани на медиумите од страна на група на вработени во МВР и двајца колеги кои се себеси се нарекуваат синдикат, и се самопрогласуваат за наводни заштитници на вработените во МВР, велат од МПС преку соопштение.
При посетата и обавените разговори со раководсвото на СВР Куманово, со синдикалните преставници и со членовите на МПС во врска со погоренаведените, како што велат, шпекулации од страна на таканаречениот и незаконски прогласен синдикат кој преку ноќ бил формиран со една единствена цел замирање на синдиализмот во МВР и ставање под контрола на синдикалното движење, тие се обратија со сооптение.
Во однос на прераспоредување на работници надвор од место на живеење, до денес 04.09.2020 година во СВР Куманово се врачени само 02 решенија за распоредување кои се во рамки на законската легислатива и колективниот договор на МВР, односно не се врачени решенија за прераспоредување на работници надвор од општина на живеење,како што беше пласирано за наводно респоредување на работници 50 км надвор од место на живеење. Во врска со покренување на дисциплински постапки, исто така е констатирано дека во овој период не е покрената и не е водена ниту една дисциплинска постапка, ниту пак синдикалниот преставник на МПС добил покана за учество на дисциплинска комисија за покрената дисциплинска постапка каде согласно КД на МВР сме членови. За наводното малтретирање на колешка која е две години пред пензија е констатирано дека во СВР Куманово на две години пред пензија е само една колешка и таа работи како раководител во СВР Куманово и во периодот за кој беше изнесено на медиумите приложено истат не регулирала сообраќај на терен, се наведува во соопштението на синдикатот.
Како единствен репрезентативен синдикат во МВР, велат, сакаат да укажат дека ваквите шпекулации, изнесување на невистини и сеење на страв меѓу колегите не води никаде а особено не за создавање на позитивна клима за работење на колегите.
Сидникализмот подразбира борба за правата на вработените но не на ваков начин. Само со чесни и искрени намери , само со законски издржани претпоставки , само со темелно анализирани предлози идеи и решенија, само со пласирање на точни информации кои се засновани на факти можеме да ја вратиме довербата на членството кон синдикалното движење.
Сѐ друго е несовесни толкувања кои треба да останат на совеста на нивните автори и советста на нивните ментори, велат од МПС.