Македонија

Македонски пошти одбиле доктор на науки на оглас – на негово место вработиле партиски функционер на СДСМ

Македонски пошти одбиле доктор на науки на оглас – на негово место вработиле партиски функционер на СДСМ

ЈП Македонски пошти на нивниот последен оглас за вработување во подружницата во Кочани, одбиле доктор на науки кој има дипломирано со 9.5 просек на факултет, а на неговото место го вработиле кандидатот за градоначалник на Зрновци од редовите на СДСМ Ванчо Митев, дознава Лидер од извори во компанијата.

Лидер стапи во контакт со одбиениот доктор на науки чиј идентитет и е познат на редакцијата, но тој не сакаше да даде коментар за случајот, затоа што, како што ни рече, има поднесено барање до директорот на ЈП Македонски пошти во кое бара објаснување зошто не е примен на огласот.

Вработениот Митев е еден од ретките кандидати на СДСМ кои изгубија на последните локални избори.