Во Македонија во текот на денот треба да пристигнат македонски државјани со летови од Виена и Базел.
Согласно протоколите за државни карантини, по пристигнувањето на скопскиот аеродром, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, каде што ќе поминат 14 дена во изолација.
Вчера од Берлин со авион се вратија 176 луѓе, 173 возрасни и 3 деца.
При враќање на авионот на Визер, кон Германија отпатуваа странски државјани од Скопје.
– Во соработка со странските претставништва кај нас, им помагаме при репатријацијата во нивните татковини: Австрија, САД, Австралија, Чешка, Холандија, Малезија, Словачка, Унгарија…Таква соработка и солидарност ќе има и утре, на летовите кон Виена и Базел ќе однесеме странски, а дома ќе вратиме македонски државјани – напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров