Денеска, 5 минути пред полноќ црвено-црните херои слетуваат на скопскиот аеродром. Шампионските срца заслужуваат величествен пречек!Со повик за пречек се јави и навивачката група Комити.
ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО !!!
3 Јуни, во 23:55ч. Црвено-Црните Херои слетуваат на Аеродромот Александар Велики!
Повикуваме Сите оние кои планираат со приватни возила да одат на пречек, во големо Дефиле организирано заедно да се упатиме кон Аеродром.
Воедно Апелираме до сите превозници, пред се Јавни, но и Приватни, да излезат во пресрет, и сите оние кои сакаат да ги пречекаат на Аеродром, а немаат сопствен превоз да можат да бидат покрај своите Јунаци.
Собир – Сала Јане Сандански во 22:00ч. !!!
ПОАЃАЊЕ 22:30ч. !!!, стои во објавата на Комити.