Македонија 13. април 2018. / 13:07

Македонската дијаспора во Франција побара веднаш да прекинат преговорите со Грција

Македонската дијаспора во Франција побара веднаш да прекинат преговорите со Грција

Делегација на македонски здруженија од Франција имаше средба со претседателот на француско-македонската група за пријателство на француското национално собрание Бертран Сор (Bertrand Sorre), со цел да се запознаат различните проекти и активности поддржани од оваа група за развој на пријателските односи меѓу Франција и Македонија.

На средбата се разговараше за политичката криза со која се соочува земјата, за т.н. платформа од Тирана која претставува директно вмешување од страна на земја-кандидатка во внатрешните работи на друга земја-кандидат. Ова би можело да стане опасен преседан во меѓународните односи, особено во овој период на опаѓање на солидарноста во ЕУ и во светот, исто така во овие времиња на загрозена безбедност во светот.

На средбата беше истакнато дека преговорите со Грција треба да се прекинат ако 137 од 193 земји или 71% од земјите-членки на ОН, ја признаа Република Македонија со уставното име. Може ли правото на самоопределување и самоназначување да биде повредено од ветото на една земја, без да бидат засегнати интересите на другите земји?

Интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ не може да биде услов за промена на името. Ова е неприфатливо бидејќи е против законот.

Според меѓународното право и правото на македонскиот народ, како конститутивен народ на Република Македонија, самоопределувањето, единственото е прифатливо решение, бидејќи е разумно, соопштија од македонската дијаспора во Франција.