Македонија 15. јули 2019. / 22:08

Македонската армија ќе се модернизира во наредните 5 години

Македонската армија ќе се модернизира во наредните 5 години

Нови транспортери, артилериски хаубици, западно-европски хеликоптери – сето тоа според плановите за развој на одбраната недостасува на армијата и ќе биде купено откако државата ќе стане 30-та членка на НАТО. Промени ќе има и во бројот на вработените во министерството, како и во изгледот и составот на воените единици, пренесува Телма.

За помалку од 6 години, македонската армија ќе мора да подготви декларирана единица од околу 900-тини војници подготвена за учество во мисиите на НАТО, ова ќе биде една од обврските на државата по претстојното членство во алијансата.

АРМ во наредните 5 години со зголемувањето на буџетот до 2 проценти од БДП ќе може да се вклучи и во модернизација, ќе се купат оклопни транспортери потребни за функционирање на пешадиските единици, а ново оружје – современи хаубици треба да бидат набавени за потребите на Артилерискиот батаљон, пренесуваат од Телма.

Сепак членството во НАТО, како најголем предизвик ја прави безбедноста на комуникациите и и на информациите кои ќе се менуваат со алијансата. Тој дел од набавките и обуката ќе се однесуваат и на сајбер безбедноста, бидејќи се повеќе зканите се остваруваати преку интернетот односно преку хакирање и крадење на податоци.

Целиот текст можете да го погледнете ТУКА.