Мајката, која заедно со нејзиниот син беше пронајдени мртва во нивниот стан во Велес е позитивна на вирусот Ковид-19.
Информациите се дека 79-годишната жена го имала вирусот, потврди предмалку министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција. Нејзиниот син бил негативен на посмртниот тест за коронавирус.
Со оглед на тоа дека оваа година имавме навистина зголемен број на случаи на заболени од грип во споредба со минатата година, па овој случај може да значи дека коронавирусот бил присутен во Македонија уште во јануари, изјави Филипче.
Полицијата на 6 април пронашла две мртви тела на мајка и син во стан на улица „Ѓорѓи Војтех“ во Велес. Соседите алармирале бидејќи неколку месеци тие не ги виделе мајката и синот да излегуваат надвор. Тие велат дека мајката (79-годишна жена) била слепа, а нејзиниот 53-годишен син имал психички проблеми.