Македонија 26. јуни 2020. / 09:01

Македонија се соочуваа со посилен бран на вирусот, бројот на заазени достигна речиси 5.600

Македонија се соочуваа со посилен бран на вирусот, бројот на заазени достигна речиси 5.600

Македонија се соочува со бран на вирусот посилен од првиот. Во изминатото деноноќие регистирани се нови 135 случаи на заразени со Ковид-19 како и шест починати лица.

Со овие нови случаи, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата се искачи на 5.595, бројката на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164.

Советникот на регионалниот директор за Европа на СЗО, д-р Фабио Скано вчера изрази загриженост од она што се случува во земјава, но смета дека ситуацијата може да се стави под контрола со масовно тестирање, идентификување на случаите, нивните контакти и нивно изолирање.

Ова што го гледаме во моментов во Македонија е загрижувачко. Поуката што треба да ја извлечеме е дека до пронаоѓањето на делотворна вакцина, не смееме да се опуштиме, односно да го спуштиме градот. Дејствата што ќе се преземат овие денови, но и во неделите и месеците кои претстојат ќе бидат критично важни со цел да се спречат случаите на новозаразени и да се спасат човечки животи – истакна Скано на прес-конференција во Владата.