Македонија 09. ноември 2020. / 23:12

Македонија се гуши – Скопје 7-ми најзагаден град во светот

Македонија се гуши – Скопје 7-ми најзагаден град во светот

Сезоната на загаден воздух и официјално е започната.

Високи количества на ПМ10 честички може да се забележат низ сите градови во земјата, додека според Air Visual, Скопје се најде на 7-то место на најзагадените градови во светот.

Количеството на ПМ10 честички, пак, е највисоко во населбите Ново Лисиче и Лисиче, каде бројката достигна 316 микрограми на метар кубен.

Ниту во другите градови ситуацијата не е подобра, сајтот за следење на загаденоста mojvozduh.eu ги покажува следните бројки:

Куманово, мерна станица СОУ Гоце: 419 µg/m3

Тетово: 123 µg/m3

Гостивар: 174 µg/m3

Кичево: 174 µg/m3

Охрид, мерна станица Мирче Ацев: 270 µg/m3

Битола, мерна станица Сремска: 344 µg/m3

Велес: 163 µg/m3

Кавадарци: 140 µg/m3

Свети Николе: 368 µg/m3

Штип: 201 µg/m3

Струмица, мерна станица Методија: 215 µg/m3