Македонија 29. април 2020. / 10:11

Македонија прва во регионот по бројот на починати, а втора по заразени од корона вирус

Македонија прва во регионот по бројот на починати, а втора по заразени од корона вирус

Македонија повторно е со поразителни резултати на листите кои прават статистика на  починати и заболени лица од корона вирусот, но и на дното од табелата сме и според направени тестови. Во вчерашниот извештај (28 април) регистрирани се 22 нови случаеви, но и шестмина починати.

Во однос на починати лица, во регионов Македонија со 34 починати на 1 милион лица е на врвот на листата. 15 помалку бројат Србија и БиХ кои го делат второто место, а намјмалку починати 8 (осум) на 1 милион жители има Бугарија.

По бројот на заразени, Македонија со 682 лица на 1 милон жители е на второто место, зад Србија каде се регистрирани 972 заразени на 1 милион жители. Бугарија и на оваа листа е на дното на табелата со 200 заразени.

Според бројот на тестови Словенија е на врвот на табелата со извршени 24,190 тестирана на 1 милион жители. Потоа следуваат: БиХ со 8,413 тестирања, Србија со 8,396, Хрватска 8,179, потоа следи Македонија со 7,570 извршени тестирања на 1 милион жители, Грција со 6,700, Бугарија 6,506, а најмлаку тестирања на 1 милион жители има Албанија со 2,696.