Македонија 08. октомври 2020. / 12:40

Македонија прва по смртност во регионот од КОВИД-19, обвини ВМРО ДПМНЕ.

Македонија прва по смртност во регионот од КОВИД-19, обвини ВМРО ДПМНЕ.

Власта да се грижеше за здравјето на граѓаните, Македонија немаше да биде прва по смртност во регионот од КОВИД-19. Заев и Филипче да се грижеа толку за здравјето на граѓаните немаше Македонија да е на прво место по смртност во регионот, обвинија од ВМРО ДПМНЕ.

Владата да се грижеше за ситуацијата со КОВИД-19 немаше здравствениот систем да е пред колапс. Уште не е започната сезоната на грип, Македонија веќе има наплив на новозаразени од корона вирусот. Ако состојбата е алармантна денес, што може граѓаните да очекуваат за месец или два?! Македонија е единствена држава, која поради неспособноста на Заев и Филипче немаше крај на првиот бран на корона вирус. Бројката на новозаразени не се намалува туку расте од ден во ден, и секој ден сме соочени со нов пик. За несигурноста која ја внесоа кај граѓаните, мора да има одговорност, стои во соопштението  на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.