Македонија 14. февруари 2021. / 09:45

„Македонија пат“ не успеа навреме да го исчисти снегот, прекин на неколку патни правци

„Македонија пат“ не успеа навреме да го исчисти снегот, прекин на неколку патни правци

Во Македонија врне снег речиси насекаде, а екипите на Македонија пат не успеаја да ги исчистат навреме дури и автопатите.

АМСМ соопшти за следниве забрани:

Од 18.50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Од 18:30 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Превој – Барбарас (Македонски брод – Прилеп)

Од 18:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар и патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир.

Од 16:46 часот се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на ГП Ќафасан.За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.

Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка