Владата ќе отвори почесен конзулат на Македонија во Србија со седиште во Златибор.
Одлуката која веќе е објавена во Службен весник е донесена на владина седница и е потпишана од првиот вицепремиер Артан Груби.
Во одлуката стои и дека се задолжува Министерството за надворешни работи да ја спроведе.
Во овој крај од Србија нема значителен број граѓани со македонско потекло и нејасно е зошто Владата отвара конзулат на оваа туристичка дестинација.