Пред Собранието вечерва група граѓани повторно одржа протест против промена на името на Македонија. Вечерашниот протест помина во мирна атмосфера, без инциденти.
Демонстрантите носат македонски знамиња, и скандираат „Македонија, Македонија“ и „Иванов, Иванов“.
Неколку од граѓаните кои учествуваа на протестот, одржаа говори на импровизирана бина која беше поставена пред Собранието.
Еден од говорниците повика на бојкот на претстојниот референдум за промена на името.
Демонстрантите најавуваат нов протест утре во 20 часот пред Собранието.