Македонија повторно е со поразителни резултати на листите кои прават статистика на заболени и починати лица од коронавирусот.
Во соседството, нашата држава е на неславното прво место. Имаме најмногу смртни случаи во споредба со Грција, Србија, Албанија, Бугарија и Косово, сите соседни земји, на починати на еден милион жители. Меѓу земјите од регионот, пак, само Словенија има поцрни бројки, согласно последните бројки од вчерашниот ден.
По број на починати лица од коронавирус на еден милион жители, Македонија бележи 42 случаи, а БиХ, која преку најмалку две државни граници на други земји има повеќе, т.е. 24 починати. Сите останати земји во целиот регион имаат помал црн биланс од нашиот.
Починати на еден милион жители
Македонија 42
БиХ 24
Србија 23
Хрватска 19
Грција 14
Црна Гора 13
Албанија 11
Бугарија 11
Заразени на еден милион жители
Србија 1094
Македонија 729
БиХ 587
Црна Гора 514
Хрватска 512
Албанија 279
Грција 253
Бугарија 243
Тестови на еден милион жители
Црна Гора 12445
Србија 12185
БиХ 10478
Хрватска 9510
Македонија 8332
Грција 7767
Бугарија 7239
Албанија 3129.