Македонија 30. декември 2020. / 22:25

Македонија ја укината забраната за летови од В. Британија

Македонија ја укината забраната за летови од В. Британија

Владата на Република Македонија на денешната 36-та седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија.

Забраната важеше до крајот на 2020 година, како и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од овие дестинации во рок 14 дена.