Македонија 27. јули 2020. / 09:26

Македонија ја надмина границата од 10.000 заразени

Македонија ја надмина границата од 10.000 заразени

Дневните бројки на новозаразени со корона вирус во Македонија и натаму остануваат троцифрени. Во последното деноноќие беа регистрирани нови 152 позитивни, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 од почетокот на епидемијата се искачи на 10.086.

Во истиот период во земјава како последица на болеста починаа 460 луѓе, а во моментов активни случаи се 4.199.

Според податоците на Министерството за здравство, вчера беа направени 1.077 тестирања, а од новодијагностицираните 152, 39 се во Скопје, 20 во Куманово, 15 во Гостивар, 14 во Штип, 13 во Струга, девет во Тетово, осум во Дебар, по пет случаи во Битола и Кавадарци, четири во Струмица, три во Охрид, Гевгелија и Делчево, два во Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево  и по еден во Прилеп, Радовиш, Кочани, Кратово и Свети Николе.

Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден регистрираше 70 оздравени пациенти, и тоа 23 во Скопје, 13 во Свети Николе, по десет во Тетово и Гостивар, осум во Куманово и шест во Штип. Во текот на вчерашниот ден немало починати пациенти.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера обвинија дека мерките преземени од Владата за борба против епидемијата се недоволни.

Како што посочуваат, токму сега после изборите коронавирусот беснее, луѓе страдаат, докторите и сестрите гинат на работа, а мерки и Комисија за инфективни болести ги нема никаде. Според нив, нема промени во борбата против епидемијата.

 

Според последните податоци, во глобални рамки со корона вирусот досега се заразени 16.317.533 лица. Од нив починале 650.260, а оздравеле 9.981.282 лица.