Македонија 26. јуни 2020. / 15:48

Македонија извисува: Влез во ЕУ на 1. јули ќе има само за граѓаните на Србија, БиХ, Косово и Албанија

Македонија извисува: Влез во ЕУ на 1. јули ќе има само за граѓаните на Србија, БиХ, Косово и Албанија

На состанок во Брисел, Европската комисија донела одлука за кои земји ќе биде дозволен влез во ЕУ по 1. јули, пренесува „Еуроњуз“.

За македонските граѓани и натаму нема одлука, односно Македонија на мапата не е обележана ни со зелено, што означува ДА, ниту со црвено, што означува дека нема да биде дозволен влез во ЕУ.

Се очекува во следните денови да има одлука за граѓаните на Македонија дали ќе им биде дозволено да патуваат во земјите од ЕУ зоната откако ќе се отворат границите на 1. јули.

Граѓаните на Србија, БИХ, Косово, Турција и Албанија можат во ЕУ после 1. јули, додека тоа нема да биде дозволено за државјаните на Русија, САД и Бразил.