Македонија 29. април 2020. / 22:44

Македонија е рекордер во регионот по починати на милион жители од коронавирус

Македонија е рекордер во регионот по починати на милион жители од коронавирус

Македонија на врвот по број на мртви од коронавирус, сметано на милион жители, во споредба со сите држави од регионот. Податоците на worldmeters покажуваат дека Македонците најмногу умираат од коронавирус.

Вкупно починати на милион жители во Македонија до влера има 34, што е најголем број од целата оваа листа. Имено, во Србија и Босна има по 19 починати на еден милион жители, во Хрватска 15, 13 во Грција, 10 во Албанија и 8 во Бугарија.

На оваа црна листа, Македонија е на прво место со најголем број смртни случаи од коронавирус, сметано на милион жители.

И онаму каде се споредува бројот на заразени, Македонија е на врвот со 682 заразени на милион жители. Повеќе заразени има само во Србија-972.Грција има 243 заразени на милион жители, Бугарија 200, Албанија 261, Хрватска 499, а Босна 483.