Македонија 15. јуни 2020. / 12:59

Македонија е единствената земја во Европа која се уште останува затворена

Македонија е единствената земја во Европа која се уште останува затворена

Македонија е единствената земја во цела Европа која останува затворена, додека соседите и земјите членки на ЕУ меѓусебно ги отвораат границите.

Новинската и финансиска агенција „Блумберг“ направи анализа со интерактивна мапа за тоа кои европски земји ги отворија границите, а со тоа се и безбедни за патување.

Земјите обоени со сина боја се отворени, со црвена боја се затворени, жолта – претежно отворени и сивата боја ги означува земјите што делумно ги отвораат границите.

На мапата на Европа единствено Македонија е обоена во црвена боја што значи дека границите на земјата за затворени што не е случај ниту со соседните земји ниту со земјите од Европа.

За споредба пак, од ноќеска на полноќ почна отворањето на внатрешните граници помеѓу повеќето држави членки на Шенген зоната вклучувајќи ги Франција и Германија.