Македонија 22. мај 2020. / 12:09

Македонија доби заштитна медицинска опрема од Бугарија

Македонија доби заштитна медицинска опрема од Бугарија

Бугарија донираше 600 заштитни медицински одела за повеќекратна употреба, 300 пара заштитни очила и 300 визири донираше за поддршка во справувањето со Ковид-19 во Макеоднија. Донацијата денеска ја примија министрката за одбрана, Радмила Шекеринска, заедно со вицепремиерот Бујар Османи и бугарскиот амбасадор, Ангел Ангелов.

Дел од донираната опрема е наменета за јавното здравство, а дел ќе биде предадена на припадниците на Военомедицинскиот центар во АРМ.

На примопредавањето на донацијата, министерката Шекеринска изрази благодарност и порача дека во период кога и Бугарија се соочува со оваа голема глобална криза, покажува вистинска солидарност на две пријателски, соседни земји, сојузници во НАТО – Алијансата.

Вицепремиерот Османи посочи на значењето на меѓусебното помагање во време на глобална криза, како израз на добрососедските односи меѓу двете земји и промоција на европската солидарност на дело. Тој порача дека заштитната опрема ќе биде употребена за вистинската намена – борба против глобалната пандемија предизвикана од КОВИД – 19 и дека ваквата соработка е во насока на исполнување на заедничката цел за европска иднина на целиот регион.