Македонија 09. март 2021. / 11:37

Македонците со бугарски пасоши можат да се вакцинираат во Бугарија

Македонците со бугарски пасоши можат да се вакцинираат во Бугарија

Македонските граѓани со бугарски пасоши кои се заинтересирани за вакцинација ќе можат да се вакцинираат во Бугарија, но и да го одберат видот на вакцината, местото и времето за вакцинирање, единствено за влез во Бугарија, потребен ќе им биде негативен тест издаден од овластените здравствени установи во земјава, пренесе Плусинфо.

Македонските граѓани кои поседуваат бугарско државјанство и кои имаат намера да се вакцинираат против ковид-19, тоа можат да го сторат преку интернет порталот „COVID-19 Регистрација за вакцинација“, соопшти претседателот на здружението „Македонско-бугарско пријателство“, Добре Митрев.

Како што е наведено во соопштението, заинтересираните за вакцинација ќе можат да го одберат видот на вакцината, местото и времето за вакцинирање, но за да појдат во Бугарија за да се вакцинираат, потребен ќе им биде негативен тест издаден од овластените здравствени установи во земјава.

 

Плусинфо по електронски пат постави прашање до Министерството за здравство на Бугарија, дали македонските државјани кои имаат бугарски документи може да се пријават во регистерот за вакцинација, оттаму го одговориле дека вакцинацијата против ковид-19 во Бугарија е опционална и бесплатна за сите бугарски граѓани.

Се изведува во 384 точки за имунизација утврдени со наредба на министерот за здравство низ целата земја и од општите лекари, велат за Плусинфо од Министерството за здравство на Бугарија.