Македонија 28. септември 2018. / 22:30

Македонците се помалку одат во Грција – се повеќе патуваат во овие држави

Македонците се помалку одат во Грција – се повеќе патуваат во овие држави

Иако Грција важи за омирена туристичка дестинација за летување на Македонците, се чини дека бројката на граѓани кои ја посетуваат нашата соседна земја драстично опаѓа.

Ако минатата година во Грција заминале околу 450.000 македонски туристи, оваа година тоа го направиле 350.000, објави ТВ 21.

Турција, пак, минатата година ја посетиле околу 25 000 луѓе од Македонија, главно со чартер летови, но ова лето таа бројка достигна околу 40 000 или за 15 000 повеќе. Во Албанија летото го поминале околу 70- 80 000.

„Има рекорден наплив на туристи за Турција, има зголемување на бројот на туристи за Египет, намалување во Грција, бидејќи ги покачија цените и тоа влијаеше на изборот на туристите, има зголемување и на бројот на туристи за Албанија“, изјави претседателот на туристичко-угостителската комора при ССКМ, Аркан Керим, за ТВ 21.

Туристичките агнеции велат дека Турција била број еден земја по посетеност од страна на нашите туристи, оваа година. Потоа следувале Шпанија и Грција.

Најмногу странски посетители во Македонија дошле од Холандија, Турција, Србија, Албанија, но и од Полска.