Мајката на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, си даде оставка од струмичкиот Централен регистар.
Претходно Костадинов објави дека ниту тој ниту СДСМ имале некаква врска со нејзиното вработување и дека била вработена на најтранспарентен начин.
– Во интерес на јавноста информирам дека мојата мајка е вработена на најтранспарентен начин, преку оглас, времено, до 31.12.2018 година. Институцијата каде што времено е примена на работа, имаше објавено огласи за вработувања за повеќе работни места, а мајка ми е примена врз основа на нејзините квалификации и постапка еднаква за сите што аплицираа, изјави тогаш портпаролот на СДСМ.