Собранието на Република Македонија на седница донесло одлука за именување на член на Комисијата на заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, пишува Експрес.мк.
Новиот член е дипломираната правничка од Скопје Јасминка Јовановска.
Одлуката е донесена врз основа на Член 31 Став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а влегува во сила со денот на донесувањето и ќе биде објавена во Службен весник на Р. Македонија, објавува телевизијата 1тв каде што директор е синот на Јовановска, Бојан кој е познат како Боки 13.