Македонија 22. ноември 2018. / 16:00

Лукаревска: Даночна тајна е како Груевски ги испразнил сите свои сметки

Лукаревска: Даночна тајна е како Груевски ги испразнил сите свои сметки

УЈП не дава конкретен одговор на прашањето дали ги надгледувала сметките кои ги испразни поренашниот премиер Никола Груевски пред неколку месеци.

На прашањето на 1ТВ дали за тековите на парите биле известени други институции, директорката Сања Лукаревска,рече дека тоа е даночна тајна и дека не може да соопшти повеќе информации. Таа додаде и дека чека да стапи на сила новиот даночен закон со кој УЈП ќе има увид во приходите на сите граѓани.

Според сознанијата на медиумите Груевски поседувал неколку сметки, а ги испразнил два месеци пред да побегне од државата и побара азил во Унгарија.