Новинарот Бранко Геровски на својот фејсбук објави дека примил закани од лице на чија профилна слика се Оливер Спасовски и Зоран Заев. И претходно новинарот Бранко Героски објави дека прима закани поради критика на актуелната власт .
– Тоа се тие големи демократи на прав пат… На профилната слика на овој Горан Тасев, кој ми праќа ваква порака во инбокс, се Оливер Спасовски и Зоран Заев. Пријател, меѓу другите, му е Џабир Дерала. И што да му кажам сега… Добро бе Ѓорѓи, ќерките на твоиве пријатели немаат минџи?, напиша Геровски на фејсбук.