Македонија 25. јануари 2019. / 11:15

Лозарите ќе протестираат поради неплатеното грозје

Лозарите ќе протестираат поради неплатеното грозје

Лозарите синоќа најавија мирен протест за в недела, поради неплатено грозје од претходни години.

-Мирниот протест ќе започне во 11 часот на градскиот плоштад во Кавадарци. Целта ни е изразување на незадоволството на лозарите заради неисплатеното грозје од претходните неколку години наназад, од винариите „Стефанс” и „Повардарие- информираа за МИА од здружението „Напредни лозари”.

Преку протестот, како што кажаа, сакаат да упатат и порака за навремени субвенции и измени на законот за вино, со цел подобри денови за лозарите.