Владата е пред сериозен долгогодишен проблем кој оваа Влада не може да го реши, ниту знае , ниту умее, ниту сака, изјави Љупчо Димовски од СМП, на протестите во Скопје.
Националните прашата, името, јазикот, идентитетот не можат да бидат предмет на преговори . Тоа само на Заев и оваа ненародна Влада не им е јасно, а е прифатливо од нивни лукративни причини, кажа Димовски.
Премиерот Заев е велепредавник за сопствени интереси ветува нешто што никој разумен во Македонија не е спремен да го прифати . Со лажните ветувања Заев ги поттикува очекувањата од бугарска страна кои се познати и неприфатливи. Да се урне оваа ненародна Влада и да се избориме за нашата иднина. Македонија е над се и над сите, изјави Димовски.