Поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски е позитивен на коронавирус, пренесе ММС.
Како што истакна тој, има лесни симптоми и ќе биде изолиран се додека не добие негативен текст.
„Короната ја добив од близок пријател, а во овааа ситуација веќе не е ни важно од кој. И не знаев, но бидејќи требаше да се вратам во Хрватска, сакав да се тестирам и заради себе а најмногу заради внучето Филип. Самоиницијативно заминав да се тестирам. Тестот покажа дека сум позитивен. Немам температура, не кашлам, за среќа вкусот го чувствувам, па си имам апетит, но кога ставив парфем, не го чувствував мирисот. А бидејки морам да бидам изолиран, а знам како е, нели „само“ 11 години бев изолиран“, посочи Бошкоски.