Македонија 10. јануари 2019. / 14:21

Љубчо Георгиевски веќе го гледа Влатко Ѓорчев како иден претседател на државата

Љубчо Георгиевски веќе го гледа Влатко Ѓорчев како иден претседател на државата

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во вчерашното гостување во емисијата Анализа на телевизија 24, истакна дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, го гледа како идем претседател на Република Македонија.

Новинарот Мишко Иванов го запраша Георгиевски дали Влатко Ѓорчев ќе се кандидра за претседател на Македонија.

Георгиевски одговори дека како што гледал по кампањата која се води, така изгледа, дека Ѓорчев ќе биде претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, Ѓорчев направил многу храбар чекор што се издвоил од сите кога беа настаните на 27 април, со тоа што се обиде да го спречи насилството. Тоа е и обврската на претседателот, да ги помири страните.

-Тој направи многу добар чекор во Парламентот кога беа настаните. Тој се издвои од сите други парламентарци и тоа е за пофалба – рече Герогиевски и додаде дека новиот претседател ќе има обврска, најверојатно, да ги потпише новите закони и Уставот.