Македонија 29. јануари 2020. / 10:46

Лила стигна на судењето за „Рекет“

Лила стигна на судењето за „Рекет“

Лила Стојановска пристигна во судница за предметот „Рекет”, како сведок на Јавното обвинителство за организиран криминал.

Предметот „Рекет”, против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, денеска ќе продолжи со презентација на четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал. Според најавата, за денеска се предвидени да сведочат Сања Димовска, Агапи Дика, Лила Стојановска и Весна Костовска.

Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинители од СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, односно бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други.