Премиерот Заев остава простор до крајот на неделата работните групи да се договорат, а ако тоа не се случи, не ја отфрла можноста за лидерска средба.
„Очекувам до крајот на оваа недела работните групи да ги решат работите заради тоа што даваме импакт и ние како лидери. Ако не се случи решение преку работните групи, јас би свикал лидерска средба или кој било од лидерите од парламентарните партии би можел да свика. Ред е до крајот на оваа недела да ги заокружиме овие процеси. Граѓаните очекуваат одговори и од името на граѓаните верувам дека ќе ги дадеме сите овие одговори до крајот на неделава“ изјави Заев.
Заев очекува до крајот на неделава да се заокружи и процесот околу датумот, прашањето и карактерот на референдумот за името, а според него, заслужува внимание и барањето на опозицијата за предвремени избори , ако тоа би гарантирало успешен референдум.