Лидерите на партиите на 18. мај се поканети да присуствуваат на процесот „Жан Моне“ во Охрид заедно со пратениците и претседателот на Собранието, објави ТВ24 повикувајќи се на свои извори.
Поканата до лидерите е од европратеничката тројка која го иницираше процесот „Жан Моне“ за подобрување на комуникацијата помеѓу власта и опозицијата во Собранието.
Од 17. до 19. мај во Охрид по двајца претставници од пратеничките групи ќе разговараат за подобрување на собранискиот дијалог.