Лидерите на најголемите парламентарни партии денеска во 17 часот во Вила Водно кај Претседателот Стево Пендаровски ќе разговараат за предвремените парламентарни избори, откако државава не доби датум за почеток на преговори за членство со Европската унија.
На средбата треба да се договори датумот за одржување на изборите, а со тоа ќе биде договорено и кога премиерот Зоран Заев ќе поднесе оставка и ќе биде формирана нова техничка влада според одредбите од Пржинскиот договор.
Поканата е прифатена од сите лидери, а на маса ќе седнат претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, и претседателот на Движење Беса, Билал Касами.