Македонија 23. февруари 2019. / 20:46

Лидер открива: Директорот на ЈП Македонски Шуми си ја вработил сопругата – непотизам и на универзитетите!

Лидер открива: Директорот на ЈП Македонски Шуми си ја вработил сопругата – непотизам и на универзитетите!

Нема крај со непотизмот, жртви и образовните институции. Економски Лидер дознава дека директорот на ЈП Македонски Шуми, Зоран Ѓорѓиев, си ја вработил сопругата на Универзитетот Гоце Делчев – Штип, на дисперзираните студии во Кавадарци.

Како што дознаваме од извори на факултетот во Кавадарци, сопругата Зорица Ѓорѓиева е вработена на референтска позиција.

Со оглед на тоа што во Кавадарци има и студии кои доаѓаат од сферата во која на висока функција е Ѓорѓиев, во јавноста се шпекулира дека за ова вработување влијаел лично тој.

-Директорот на ЈП Македонски Шуми ја условувал соработката на неговото јавно претпријатие со нашиот универзитет. Условот бил да се вработи неговата сопруга. – вели изворот на Лидер од Универзитетот Гоце Делчев.

Во минатото, додека Ѓорѓиев работеше во подрачната единица на ЈП Македонски Шуми во Кавадарци, против него се водеа судски процеси за финансиски проневери. И покрај тоа, поранешниот претседател на СДСМ Кавадарци беше поставен на директорската позиција на централно ниво.