Македонија 31. јануари 2020. / 20:17

ЛГБТ Скопје неделава ќе го сквернават христијанството

ЛГБТ Скопје неделава ќе го сквернават христијанството

Во недела, ЛГБТИ Центарот за поддршка организира настан за прослава на празникот Втори февруари. Како што велат организаторите на ова случување, станува збор за духовен настан којшто треба да се одбележи со израз на вера надеж и љубов. Настанот се организира под насловот „Куќна слава – Второфевруарска extravaganza“.

Со ваквата најава за настанот, од ЛГБТИ Центарот за поддршка прават сквернавење на Христијанството и верата на граѓаните, а тоа се потврдува со самото тоа што при најавата за настанот се користат слики од двајца машки светци како се бакнуваат, а настанот се именува како слава што е изразито христијанска терминологија.

Ова е најнов обид на припадници на ЛГБТИ заедницата за бескрупулозно сквернавење на христијанската вера. Претходно, во рамки на Неделата на гордоста, одбележана минатото лето, здруженијата што се залагаат за права на ЛГБТ заедницата се измеваа со христијанската вера и изведуваа перформанси во кои гол маж облечен како православен свештеник кој општи со гол светец кој има полов орган.

Тогаш, таквото исмевање со верата доби поддршка од познати личности, како режисерот и интелектуалец Слободан Унковски, професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски и поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, а останува да видиме дали и овој пат ќе има слична поддршка за активности што немаат никаква врска со борба за права, туку претставуваат грозно исмевање на верата на најголемброј граѓани во земјава.