Македонија 11. јануари 2021. / 09:07

Лекот Ивермектин од утре или задутре во аптеките во земјава

Лекот Ивермектин од утре или задутре во аптеките во земјава

Лекот Ивермектин од утре или задутре ќе може да се најде во аптеките ширум земјава, потврди за Слободен печат директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Лирим Шабани.

-Ивермектинот е стигнат во Македонија. Денеска во Министерството за здравство ќе му биде одредена продажната цена. Викендов успеавме да го донесеме. Со стандардна процедура го преведовме упатството за користење за компаниите и тоа го забрзавме и го завршивме. Во Министерството за здравство очекувам денеска да му ја одредат цената на лекот и од утре ќе го има по аптеките, изјави Шабани за Слободен печат.

Лекот Ивермектин е антипаразитен препарат кој досега во земјава не беше регистриран, освен за користење кај животни. Но, сега ќе се користи и за луѓе, за орална употреба.

Стручната комисија што ја формираше министерот за здравство Венко Филипче, потврди дека овој антипаразитен лек со широк спектар на делување, висока ефикасност и исклучително висока безбедност се покажал како добар. За третирање кај луѓе првпат е употребен во 1987 година, а во последните три децении е препишан во 3.7 милијарди дози низ целиот свет со никакви, или незначителни несакани ефекти.

Во последните неколку децении, Ивермектин се покажал мошне ефикасен и против низа вируси како ХИВ, денга, западно нилски вирус и други РНК и ДНК вируси.

Граѓаните досега овој лек на своја одговорност го набавуваа од Грција каде што чини 10 евра.

Целиот текст може да го причитате на следниот ЛИНК.