Македонија 18. декември 2018. / 19:32

ЛДП му откажа љубов на СДСМ: Не гласаше „за“ законот за амнестија

ЛДП му откажа љубов на СДСМ: Не гласаше „за“ законот за амнестија

Попладнево Собранието на пленарна седница ја усвои потребата од донесување на Закон за амнестија поднесен од група пратеници.

Од вкупно 98 пратеници, 95 гласаа „за“, додека 3 гласаа против и тоа Горан Милевски од ЛДП, Рашиди Сурија и Зијадин Села.

Како што и претходно изјави лидерот на Либерално-демократската партија остана доследен на ветувањата дека нема да го поддржи законот и гласаше „против“.